Лацио и Ајакс лесно ќе победат, а ќе има и повеќе голови

1102 Манчестер јунајтед – Арсенал (21:15 ч.)

Арсенал игра одлично во последните три месеци и во 14 меча во сите натпреварувања има 10 победи, две нерешени и само два порази. Топчиите ја зацврстија одбраната, па во последните пет меча, освен што загубија убедливо од Ливерпул, на останатите четири дуели не примија ниту еден гол.

Манчестер јунајтед по заминувањето на Оле Гунар Солскјер, одигра два меча, на коишто одигра посебно добро во одбраната, а и традицијата во дуелите со Арсенал вели дека не треба да се очекуваат многу погодоци. На последните пет меѓусебни средби било од 0-2 погодоци.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.89)

 

3010 Лацио – Удинезе (20:45 ч.)

Лацио е еден од најдобрите тимови на свој терен, па сезонава на „Олимпико“ има пет победи, едно реми и само еден пораз, и тоа од Јувентус. Удинезе е тим кој главна цел ќе му биде опстанок сезонава.

На осум од последните 10 меѓусебни средби, Лацио ги освојувал трите бода, еднаш било нерешено и само еднаш Удинезе се радувал, и тоа лани на „Олимпико“.

Предлог тип: 1&2-4 (2.50)

 

1632 Ајакс – Вилем Втори (21 ч.)

Нема дилема дека Ајакс ќе победи, само прашање е колку голови ќе има на „Амстердам арената“. Сезонава Ајакс во просек дава повеќе од три погодоци на меч, а Вилем Втори е во очајна форма и во последните осум кола има шест порази и само две нерешени.

На шест од осумте последни победи на Ајакс против Вилем Втори имало најмалку четири погодоци на натпреварите.

Предлог тип: 2+I & 2+ II (2.20)

 

1246 Селтик – Хартс (20:45 ч.)

Ова е дуел на вториот и третиот во шкотското првенство. Селтик дома има пет победи и само две ремија без пораз со гол-разлика од 20 дадени и само два примени гола.

И Хартс игра отворен фудбал и може да се очекува меч со погодоци на двете страни, а Селтик ја има фаворитската улога.

Предлог тип: ГГ3+ (2.25)

 

1385 Герника – Еибар (19 ч.)

Дуел од Купот на Шпанија, во кој гостите се апсолутни фаворити. Герника е тим од пониските лиги, а Еибар кој лани испадна од Примера, сега се надева на експресно враќање во елитното друштво.

Еибар во последните 16 меча има 10 победи, пет нерешени и само еден пораз, па сигурно нема да дозволи изненадување против послабиот ривал.

Предлог тип: 2&4+ (3.20)

 

- Оглас -

Најнови вести