Лацио и Аталанта го одиграа најлошиот меч во Серија А

Лацио и Аталанта се две екипи кои во просек постигнуваат по два гола на меч во италијанското првенство сезонава, па прогнозата за нивниот дуел на „Олимпико“ беше дека ќе биде возбудливо.

Сепак, тимовите кои се борат за место во Лигата на шампиони, го одиграа најлошиот меч во Серија А сезонава. Не само што немаше голови, туку едноставно немаше ни шанси.

Во првото полувреме двата тима упатија вкупно четири шута и само на дуелот Калјари – Џенова имало помалку удари во првото полувреме сезонава во Серија А.

Ситуацијата не се смени ниту во вториот дел. Лацио првиот шут во рамките на пртивничкиот гол го имаше на 15 минути пред крајот, додека Аталанта заврши со само два прецизни шута кон голот на римјаните. Лацио излезе четири корнери, а Аталанта само еднаш изведе од аголот.

- Оглас -

Најнови вести