1701 – Ленс – Ремс (21:00)
Екипата на Ленс игра одлична сезона во француската Лига 1 и заостанува само шест бода од можниот ПСЖ. Домашните се во серија од три победи, а убава можност да ја продолжат низата ќе имаат вечерва против Ремс. Гостите имаат само една победа на последните пет средби и се во средината на табелата без никакви амбиции. Воедно, на последните пет средби помеѓу овие две екипи не биле постигнати повеќе од три гола.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.45)
3001 – Лацио – Лече (20:45)
Екипата на Лацио води голема битка за излез во Лигата на шампионите со Јувентус, Интер и Милан, а вечерва ќе има незгоден противник кој води жестока борба за опстанок во Серија А. Дуелите помеѓу овие две екипи секогаш биле ефикасни, а на последните седум натпревари секогаш било ГГ3+.
Предлог тип: 1 & Т1 2+ (2.30)
2801 – Оденсе – Алборг (19:00)
Дуел од групата за опстанок во данското првенство во кој двете екипи влегуваат со различни амбиции. Оденсе е втор на табелата со реални шанси да се избори за плејоф за излез во Европа, додека Алборг жестоко се бори за опстанок во лигата. Последните пет меѓусебни натпревари на кои Оденсе бил домаќин завршувале со вистински голеади и секогаш било ГГ3+.
Предлог тип: 1Х & 3+ (2.90)
3516 – Кошице – Мијава (17:00)
Екипата на Кошице е лидер во втората словачка лига и со победа на денешниот дуел може да дојде многу блиску до промоција во повисок ранг. Нивниот денешен противник, екипата на Мијава, е во средината на табелата и без амбиции во финишот од сезоната. Овие две екипи само еднаш имаат играно помеѓу себе, и тоа во есенскиот дел од оваа сезона, кога Кошице победи со 0-1 на гости.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.35)
3627 – Алуминиј – Приморје (18:00)
Екипата на Алуминиј е лидер во втората словенечка лига и многу блиску до директен пласман во повисок ранг. За такво нешто потребна им е победа на денешниот дуел против Приморје, кој веќе нема никакви амбиции во лигата. Три од вкупно четири меѓусебни дуели на овие две екипи завршиле со 0-3 голови. Домашната екипа на 12 натпревари во пролетниот дел нема доживеано пораз, забележала 9 победи и само три нерешени резултати.
Предлог тип: 1 & 0-3 (2.45)