Лацио и Милан до реваншот ќе заборават кога го играле првиот меч

Првото полуфинале од Купот на Италија помеѓу Лацио и Милан се игра вечерва на римскиот „Олимпико“, а реваншот на „Сан Сиро“ е закажан дури за 24 април. Ќе поминат два месеци од едниот до другиот меч, па екипите може до реваншот и да заборават кога го играле првиот дуел бидејќи во меѓувреме ќе имаат уште по десетина средби.

Првиот меч од другото полуфинале, во кое се среќаваат Фиорентина и Аталанта, се игра утре во Фиренца, а возвратниот дуел во Бергамо исто така е на 24-ти април.

Финалето на Копа Италија е на 15-ти мај. Во четврт-финалето испаднаа фаворитите Јувентус, Наполи, Интер и Рома, па победникот на Купо, обезбедува место во Лигата на Европа. Милан можеби и без освоен Куп ќе обезбеди Европа, но на другите три тима не им е сеедно што ќе направат. Додуша, којзнае уште што може да се случи до 24-ти април, а тука се и задолжителните ризик-фактори како повреди и суспензии. Како и да е, премногу ќе се чека за да се види кои ќе бидат двата финалисти.

- Оглас -

Најнови вести