Големото дерби на Рим заврши без победник. Лацио и Рома одиграа 1:1 во второто коло на Серија А. Двете екипи почнаа офанзивно, Лукас Леива ја погоди стативата, а потоа добра шанса пропушти и Луис Алберто. Казната стигна во 17-тата минута, кога Коларов погоди од пенал, по играњето со рака на Миленковиќ-Савиќ.
Во продолжение на првиот дел, Лацио уште двапати ја погодуваше рамката на голот на Рома, а и Волчицата возврати еднаш со иста мерка, но по првиот дел, остана 1:0 за гостите на овој меч. Иницијативата на Лацио конечно вроди со плод во 59-тата минута. По грешката на Коларов, Имобиле ја украде топката, асистираше со Алберто, кој погоди за 1:1.
До крајот на дуелот, Лацио уште еднаш ја погоди гредата, а домаќините дадоа и гол кој беше поништен поради офсајд.