Лацио и Рома ремизираа во пресметката за Рим (Видео)

Лацио и Рома одиграа 1-1 во 162-та градска пресметка за Рим на „Олимпико“. Со тоа и двете екипи ги задржуваат шансите за пласман во Лигата на шампионите, но заостануваат три, односно пет, бода зад четвртопласираниот Јувентус.

Во првиот дел мрежите мируваа, но затоа второто полувреме донесе многу повеќе возбудувања.

Лацио поведе со голот на Алесио Ромањоли во 47-та минута, а израмни Матијас Суле со фантастичен погодок од далечина во 69-та минута од дербито.

- Оглас -

Најнови вести