6.8 C
Skopje
сабота, 21 февруари 2026

Лацио игра против редовен „пациент“, Чеканите сакаат да ја скршат одличната серија на Борнмут

1005 Вест хем – Борнмут (18:30 ч.)

Вест хем е во незавидна ситуација и е во зона за испаѓање. Сепак, трите победи, едно реми и само еден пораз во последните пет кола е најава дека Чеканите може да освојат бодови.

Борнмут игра одлично и во последните шест кола е со четири победи и две реми, па тоа е најава за возбудлив дуел во Лондон. Интересно е дека последните пет дуели во Премиер лигата на овие два тима заврувале нерешено, но секогаш имало голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.86)

 

1704 ПСЖ – Мец (21:05 ч.)

Ова треба да биде лесна задача за актуелнот првак затоа што Мец е последен на табелата во Франција. ПСЖ киксираше во минатото коло и сега никако не смее да ги пропушти трите бода.

Светците го имаат најдобриот напад, а Мец кој освои само 13 бода во 22 кола, ја има најлошата одбрана со дури 49 примени гола.

Предлог тип: 1-1&4+ (2.14)

 

3004 Калјари – Лацио (20:45 ч.)

Калјари е екипа која игра без многу калкулации, дава голови, но прима. Лацио не е многу убедлив на гостински терен, но Небесносините имаат неверојартна серија против Калјари.

Во последните 21 средби на овие два тима Лацио има 18 победи, а три пати било нерешено. Калјари се нема израдувана на триумф против Лацио од мај 2013 година.

Предлог тип: Х2&1-3 (2.04)

 

1806 Лајпциг – Борусија Дортмунд (18:30 ч.)

Борусија е во одлична форма и има шест победи по ред во Бундеслигата, но гостувањето кај Лајпциг секогаш е посебен предизвик. Лајпциг е на петото место на табелата и мора да освојува бодови за да остане во чекор со водечките.

Традицијата е на страна на Лајпциг, па во последните 10 меѓусебни дуели, тие имаат дури седум победи, а Борусија се радувала само два пати.

 Предлог тип: ГГ4+ (2.14)

 

1305 Атлетико Мадрид – Еспањол (21 ч.)

Атлетико Мадрид во последните три меча освои само еден бод, но сега на гости им доаѓа Еспањол кој е очаен и во последните седум кола освои само два бода.

Еспањол нема ниедна победа во 2026 година, но традицијата вели дека Атлетико Мадрид го нема победено каталонскиот тим во последните пет меѓусебни дуели (четири реми и пораз).

Предлог тип: 1&2-4 (2.25)

- Оглас -

Најнови вести