26.8 C
Skopje
понеделник, 14 јули 2025

Лацио има 18 милиони нови причини зошто да биде првак на Италија

Цели 20 години Лацио чека да се израдува на титулата во домашното првенство. Римскиот тим сезонава игра одлично и по 26 одиграни меча, се наоѓа на второто место на табелата само со два бода помалку од лидерот Јувентус. Челниците на Лацио беа најактивни во напорите дека преостанатите 12 кола мора да се доиграат.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, дополнително ги загреа страстите откако вети дека доколку неговиот тим успее да го освои Скудетото, ќе следува неверојатен бонус од 18 милиони евра. Тоа значи дека секој од играчите ќе поделат по околу 400.000 евра за освојување на титулата.

Првиот меч по враќање од тримесечната пауза Лацио ќе го игра на гости во Бергамо против Аталанта на 24 јуни, а три дена подоцна ќе игра против Фиорентина на „Олимпико“. Дуелите од Серија А ќе се играат без присуство на публика.

 

- Оглас -

Најнови вести