Турчинот Јусуф Јазиџи би можело од Лил да се пресели во Лацио. Италијанските медиуми објавија дека римските Орли се заинтересирани за овој играч од средниот ред, и би го ангажирале доколку си замине Сергеј Милинковиќ-Савиќ.
Јазиџи, кој има 23 години, иако не е класичен напаѓач, во моментов е прв стрелец во Лигата на Европа сезонава. Тој на три меча во ЛЕ, даде шест гола и го привлече вниманието. Блесна со хет-трик против Милан и останатите италијански клубови тогаш го запознаа подобро.
Лацио и лани се интересираше за Јазиџи, но Милинковиќ-Савиќ не си замина, па се откажаа. Сега повторно големи и богати клубови го посакуваат СМС во своите редови и ако замине, големи се шансите негов наследник да биде Турчинот од Лил.