Лацио ја исфрли Рома од Купот на Италија во меч со три црвени картони, жесток дуел имаше и на трибините (Видео)

Екипата на Лацио се пласираше во полуфиналето во Купот на Италија, откако на „Олимпико“ минимално со 1:0 го елиминираше градскиот ривал Рома со 1:0. Клучниот момент се случи на почетокот на второто полувреме кога судијата Даниеле Орсато по сигнализација од ВАР собата досуди пенал за Лацијалите.

Матиа Закањи ја превзема одговорноста и погоди од белата точка. ВАР одлуката за пеналот и голот на Закањи може да ги видите ТУКА.

Овој дуел имаше и навивачка предигра кога фановите на двата тима направија „дожд“ од пиротехнички средства на трибините.

Во финишот на средбата зовреа страстите и на теренот, па црвени картони добија еден играч на Лацио и двајца фудбалери на Рома.

Лацио во полуфиналето го чека подобриот од дуелот меѓу Јувентус и Фросиноне кој ќе се игра утре.

- Оглас -

Најнови вести