Лацио ја продолжува победничката серија во Серија А

Екипата на Лацио славеше со убедливи 4:0 против Специја во 8 коло рамки на осмото коло во Серија А.

Најзаслужен за победата на Лацио на „Олимпико“ беше српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој даде два гола од преубави акции во 61 и во 91 минута.

Во првото полувреме, Лацио исто така даде два гола, а во листата на стрелци се запишаа Матиа Закањи и Алесио Ромањоли, додека Чиро Имобиле во третата минута промаши пенал.

Ова беше трета победа по ред за Лацио во Серија А со која се искачи на делба на второто место на табелата со Аталанта и Милан со по 17 бода. Три бода повеќе од нив има лидерот Наполи.

- Оглас -

Најнови вести