Лацио ќе ги враќа парите на навивачите кои ја гледаа бламажата во живо

Лацио неочекувано беше посрамотен на гостувањето кај Митјиланд со 5:1, во меч од Лигата на Европа. Данскиот тим одлично го започна мечот и поведе со 3:0, потоа Лацио даде гол за надеж, но тоа не ги збуни домаќините, кои до крајот на средбата постигнаа уште два погодоци, па Лацио со „петарда“ во својата мрежа се вратија во Италија.

Челниците на Лацио се смесни дека премногу ги разочараа своите навивачи, посебно оние кои решија да отпатуваат во Данска за да ги бодрат своите миленици. Вкупно 225 фанови на Лацио беа дел од ова гостување, а сега сите тие треба да се пријават во клубот, за да добијат рефундација на парите кои ги потрошиле за ова гостување. Овој потег на Лацио е само еден дел од извинување за тоа што ги разочараа своите фанови.

„Искрено никој не го очекуваше ова. Тоа беше неочекуван пораз како за нас, така и за навивачите, кои дојдоа толку далеку за да ни дадат поддршка. Ова е силна шлаканица за нас и ќе треба добро да анализираме“, рече капитенот на Лацио, Чиро Имобиле.

- Оглас -

Најнови вести