Лацио ќе му ја зголеми платата на голманот-голгетер

Лацио најави дека ќе му понуди нов договор на голманот Иван Проведел, со подобрени финансиски услови од оние во актуелниот договор.

Ова доаѓа по голот кој го постигна Проведел против Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите и им донесе бод и пари на Лацијалите, иако постигнувањето голови не е негова работа.

Проведел има годишна плата од 1,2 милиони евра. Во минатата сезона тој дури 17 пати ја зачува мрежата незатресена во Серија А, а сезонава тој требаше да биде резерва, но доби шанса по црвениот картон на Луис Максимијано и максимално ја користи шансата.

- Оглас -

Најнови вести