Лацио може да биде исклучен од Серија А?

Фудбалерите на Лацио вечерва во некомплетен состав му гостуваат на Зенит во Лигата на шампионите. Во тимот ги нема Чиро Имобиле, Лукас Леива и Томас Стракоша, кои беа позитивни на корона-вирус, но вчера беа на тренинг. Тие тројца не настапија ни во минатото коло против Бриж, но потоа добија негативни тестови и играа против Торино во Серија А.

УЕФА не дозволи да играат и тоа покрена сомнежи дека уште се заразени, а тоа е голем проблем ако се знае дека „заразени“ играле против Торино. Италијанската федерација го истражува случајот и ако обвинувањата за кршење на протоколите се докажат, Лацио ќе биде жестоко казнет за тоа лажирање на тестовите, му се заканува дури и исфрлање од Серија А, како најдрастична можна мерка.

Ако бидат виновни, Лацијалите ќе може да минат и само со парична казна, но висината на казната ќе зависи од степенот на прекршување на протоколите.

- Оглас -

Најнови вести