Тренерот на Лацио, Симоне Инѕаги, по ремито 0-0 против Торино, резултат кој значеше испаѓање од Серија А на Беневенто, чиј тренер е Филипо Инѕаги, му се извини на својот брат. Лацио двапати ја погодуваше стативата, еднаш од пенал.
„Жал ми е за брат ми, но навистина се трудевме, дадовме максимум. Мислам дека ова е добро за италијанскиот фудбал, убаво е кога гледате како двата тима се борат до 95-таta минута“, рече Симоне Инѕаги откако Лацијалите обезбедија место во Лигата на Европа, а Торино си го загарантира опстанокот.