Лацио нема напаѓачи за да му се закани на Милан

Лацио – Милан (21:45ч)

Иако се фаворити на хартија, Лацијалите десеткувани ќе го пречекаат Милан во дербито на 30-тото коло во Серија А. Симоне Инзаги остана без напаѓачи за пресметката, не може да смета на напаѓачкото дуо Имобиле – Кајседо, кои овој меч ќе го пропуштат поради суспензии. Така се отвора простор за Милан да приреди изненадување, а воедно да му ги помати сметките на Лацио во трката за шампионската титула.

Сепак, треба да се земе во предвид дека Росонерите немаат славено на „Олимпико“ од ноември 2015 година, но во четири од последните пет гостувања загубиле само еднаш, а ремизираа во четири наврати. Иако Лацио е без најдобриот голгетер во лигата, ќе најде начин како да ја затресе мрежата на Донарума.

Предлог тип: ГГ3+ (2.25)

 

Манчестер јунајтед – Борнмут (16ч)

И Јунајтед десеткуван ќе го пречека Борнмут, Солскјер остана без Погба и Бруно за овој дуел и ќе мора да го крпи средниот ред. Меѓутоа, тоа нема да ги спречи Црвените ѓаволи во нивната намера да нанижат три победи и да го преземат четвртото место на табелата, на кое засега стои Челзи, со цел да се обезбеди пласман во Лигата на шампионите.

Борнмут нема остварено триумф на „Олд трафорд“ откако се приклучи на англиската елита, само еднаш во четири гостувања останаа непоразени. Инаку, Црешите оваа сезона веќе го совладаа Јунајтед на домашен терен, што значи дека време е за реванш на 20-кратниот англиски првак.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.81)

 

Вулверхемптон – Арсенал (18:30ч)

Иако заостатокот е голем, Арсенал сè уште верува дека може да дојде до едно од местата преку кое ќе се пласира во Лигата на Европа, а победа на тешкото гостување кај Волците може да им го зголеми надежите. Сепак, Вулверхемптон многупати покажа дека не е наивна екипа, потврда за тоа се трите победи по рестартот на сезоната.

Арсенал таман на време влезе во победнички ритам, па затоа овој дуел ќе биде доста интересен и неизвесен до самиот крај. Минатите меѓусебни средби ветуваат голови на двете страни, а Нуно Еспирито Санто досега нема дозволено неговата екипа да загуби од Арсенал. Топчиите загубија на последното гостување на „Молињу“ со 3-1, сличен резултат може да им ги расипе сите планови.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.30)

 

Гранада – Валенсија (22ч)

Да се прашуваше Валенсија, сезоната подобро да не продолжеше. Лилјаците остварија само една победа во шест меча, односно освоија само четири од максимални 18 бода и паднаа до 10-тото место на табелата. Минатата недела останаа без тренер, лошите резултати продолжија да се нижат и не се гледа начин како може да се сврти ситуацијата во нивна корист.

Гостите во овој дуел ќе бидат без клучните Родриго и Гаја, додека Гранада исто така се мачи со бројни повреди. Двете екипи имаат по 46 бода на деветтото, односно 10-тото место на табелата, така што триумф ќе им значи многу со цел да се приклучат на останатите тимови кои бркаат пласман во Лигата на Европа.

Имајте во предвид дека Гранада од 2012 година па наваму, има само еден триумф против Валенсија на домашен терен кој го оствари во февруари годинава во рамки од Кралскиот куп.

Предлог тип: X2 & 2-5 (2.04)

 

Блекбурн – Лидс јунајтед (16ч)

Лидс ита кон Премиер лигата со брзина на светлината, избраниците на Марсело Бјелса се во мисија што порано да го обезбедат пласманот во елитата, кој го чекаат од лидерската позиција во Шампионат лигата. Денеска гостуваат кај поранешниот првак Белкбурн, екипа против која Лидс често знае да издвои позитивен резултат.

Меѓусебните дуели на „Едвуд парк“ редовно добивале победник, па така треба да биде и денес. Лидс двапати славеше во петте претходни гостувања кај Блекбурн, додека во тие средби просечно се постигнувале по три гола.

Предлог тип: 1-3I & 1-3II (1.95)

- Оглас -

Најнови вести