Италијанскиот калчолигаш Лацио на убедлив начин стартуваше во првиот подготвителен дуел во пресрет на новата сезона. Небесносините се на подготовки во Ауронзо, место кое има само 3.000 жители, а се наоѓа на италијанските Алпи.
Како прв ривал на Лацио беше локалниот тим на Ауронзо кој се натпреварува во деветата италијанска лига, па очекувано е што победата е повеќе од убедлива. Калчолигашот победи со 23:0.
Во првото полувреме беа постигнати осум гола, а играчите на Лацио беа речиси двојно порасположени за погодоци во вториот дел и постигнаа дури 15 голови. Вкупно 12 различни фудбалери се запишаа во листата на стрелци.
Лацио против овој ривал играше и пред две години, кога на подготовките беше на истото место, а тогаш победи со 21:0.