Лацио конечно се израдува на победа против Интер на домашен терен по цели четири години, составот на Симоне Инзаги го одбрани „Олимпико“ со конечните 2-1 во дербито од 24-тото коло во Калчо лигата. Лацијалите со пресврт успеаја да ја одржат долгата низа без пораз во шампионатот.
Серијата од 19 меча без пораз на Лацио се протега токму од последниот дуел меѓу овие две екипи, кога Интер во улога на домаќини славеше со минимални 1-0 во септември минатата година.
Имобиле со 26-от сезонски гол во првенството ја анулираше предноста на гостите од првиот дел која ја донесе Јанг со неговиот дебитански погодок за Интер. Се играше 69-тата минута кога Милинковиќ-Савиќ ја искористи мешаницата пред голот на Падели, поставувајќи ги конечните 2-1.
Лацио сега е на второто место со 56 бода, еден помалку од лидерот Јувентус, додека Интер остана на 54 бода и од третата позиција ќе го дочека 25-тото коло во Серија А.
https://twitter.com/HDGoalsLive/status/1229141491475456005
https://twitter.com/Footbal65072630/status/1229148580763652099