Лацио постави екстренер на Рома за нов тренер, па тифозите ќе го бојкотираат

Италијанскиот калчолигаш Лацио го именуваше Марко Барони за нов шеф на стручниот штаб. Тој ќе има мисија да го врати тимот во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Барони претходно беше тренер и на Пескара, Новара, Беневенто, Фрозиноне, Кремонезе, Реџина и Лече. Но, во текот на активната фудбалска кариера беше и член на Рома, а тоа е неприфатливо за навивачите на Лацио.

Тифозите на клубот, кои се најтврдокорни, не се согласуваат со решението на првиот човек на клубот, Клаудио Лотито, и ќе го бојкотираат во наредниот период.

 

- Оглас -

Најнови вести