Се чини дека ниту една сезона во Серија А не може да помине без скандал. Лацио е на удар да биде исфрлен од Калчото, доколку се најдат докази дека клубот фалсификувал тестови за ковид-19 во пресрет на дербито против Јувентус.
Полицијата вчера навечер упаднала во тренинг-кампот „Формело“, по што е отворена истрага. Сомнежите се поради што според тестирањата од УЕФА, корона-вирусот беше присутен кај неколку играчи, меѓу кои е и капитенот Чиро Имобиле, додека пак од таборот на римските Орли тврдат дека истите позитивни играчи добиле негативни резултати по интерните тестирања.
Не само што Лацио може да биде парично казнет, туку може да испадне во второто по ранг фудбалско натпреварување во Италија, доколку се докаже дека тестовите се фалсификувани, односно дека е прекршен протоколот на федерацијата на Италија.