Лацио скрати добитен тикет од 73,9 коефициент

Тикетите кои секојдневно ги објавуваме на Типстерски совети често пати знаат да бидат од голема корист на обложувачите, а така се покажа и овојпат. Денеска ви понудивме пет мечеви, по еден од сите пет најсилни лиги во светот, а само еден гол недостасуваше да имам одличен коефициент за добивка.

Вкупниот коефициент на петте понудени меча беше 73,9, а недостасуваше само Лацио да даде гол за да имаме 100 отсто погодок. На советите типувавме дека Атлетико ќе ја победи Селта но нема да има повеќе од три гола. „Јорганџиите“ славеа со 2:0, за коефициент 2,10.

Победата на Манчестер јунајтед од 2:1 против Вест хем го прави добитен типот 1&2-4 гола со коефициент 2,30. Ја следевне традицијата на Борусија Дортмунд и Мајнц, па покрај победата на „милионерите“, прогнозиравме дека ќе има 2-3 гола, а домаќините победија со 2:1, за коефициент 3.00. Во типичен француски стил заврши Монако – Реим 0:0 за сигурен предлог од 1Х&0-2 гола и коефициент 2,00.

Единствено италијанското дерби меѓу Милан и Лацио е промашено. „Росонерите“ победија со 1:0, а предлогот беше 1Х&ГГ, што значи дека недостасуваше само погодок на Лацио, за погодок на вкупен коефициент 73,9, што би значело дека за 100 вложени денари добивката ќе беше 7390 денари.

 

- Оглас -

Најнови вести