Римски Лацио денеска одбележа 50 години од својата прва шампионска титула во Серија А, а прославата ја збогати со победа од 2-0 против Емполи.
Со победата, лацијалите се зацврстија на седмото место на табелата и најверојатно следната сезона ќе играат во Лига Европа. Од друга страна, Емполи на две кола до крај е загрозен од испаѓање, бидејќи има само два бода повеќе од 18-тиот Удинезе, а тимот од Удине има еден меч помалку.
Ова е вториот гол на Патрик сезонава, со кој беше отворен резултатот попладнево на „Олимпико“:
https://twitter.com/i/status/1789617652492542362