Лацио славеше во Бергамо, Аталанта може да се збогува од трката за титулата (Видео)

Аталанта на свој терен загуби од Лацио со 0:1 и тимот од Бергамо веќе може да се прости од трката за титулата во Серија А. За Аталанта ова е е трет пораз по ред и тимот остана на 58 бодови, што е дури 10 помалку од лидерот Интер.

За Лацио ова беше многу вредна победа, бидејќи со овие три бода, сега Небесносините имаат 55 и се искачија на шестото место на табелата, но се само три помалку токму од Аталанта која е на третото место.

Моментот на мечот се случи во 54 минута кога Исаксен кој во игра влезе на почетокот на второто полувреме, одлично се снајде во една полуконтра на гостите и погоди за 1:0. На крајот се покажа дека тој погодок е и решавачки за ова дерби.

- Оглас -

Најнови вести