-2.2 C
Skopje
недела, 11 јануари 2026

Лацио со автогол успеа да слави против Верона

Лацио стигна до минимална, но важна победа на гостувањето кај Верона, совладувајќи го домашниот тим со 0-1 во 20-тото коло на италијанската Серија А.

Мечот беше тежок и напнат, со малку вистински шанси до 79-та минута, кога римјаните одлично изведоа транзиција, а дефанзивецот на Верона, Нелсон, несреќно ја затресе сопствената мрежа.

Оваа победа го означи успешниот старт на 2026 година за тимот на Маурицио Сари, кој минатата година ја помина во реконструкција на составот.

Со овој триумф, Лацио се искачи на осмото место на табелата со 28 бода, додека Верона останува во тешка ситуација во борбата за опстанок, заземајќи го претпоследното, 19-то место со само 13 бода.

- Оглас -

Најнови вести