0.8 C
Skopje
сабота, 13 декември 2025

Лацио со херојски подвиг: Со два играчи помалку даде гол за победа на гости кај Парма (Видео)

Лацио стигна до многу важна победа на гостувањето кај Парма откако славеше минимално со 1:0 во меч од 15 коло на Серија А. Со овој триумф Лацио стигна до 22 бодови и се искачи на осмото место на табелата, додека Парма со само 14 бодови остана на 17 позиција, последна која носи опстанок.

Пред крајот на првото полувреме, односно во 42 минута директен црвен картон кај Лацио доби Закањи. Непромислениот старт на Закањи може да го видите ТУКА.

Тоа не беше крај на проблемите за гостите, па во 78 минута следуваше нов директен црвен картон. Овојпат Башиќ беше исклучен, па Лацио остана со двајца играчи помалку на теренот.

И во една таква ситуација гостите не се откажаа од идејата да победат, а на крајот тоа им се исплатеше. Во 82 минута Нослин одлично избега на домашната одбрана, ги издржа сите дуели, го помина и голманот, а потоа ја затресе мрежата на Парма за гол кој значеше и победа за Лацио.

Тој погодок може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести