Лацио со отровни стрели кон ривалот: Немаме суперсила како Јувентус да ги контролираме судиите

Лацио останува најголем ривал на Јувентус во трката за титулата во Серија А, иако римјаните веќе еднаш киксираа по враќањето на фудбалот во Италија по тримесечната пауза поради пандемијата со корона-вирусот. Небесносините сега имаат четири бода помалку од лидерот, а Лацио вечерва гостува кај Торино.

Претседателот на Лацио, Артуро Дијаконале, ги обвини медиумите дека намерно прават притисок кон неговиот тим во трката за титулата што ја има со Јувентус. Лацио во претходното коло со пресврт со 2:1 ја победија Фиорентина, а голот за победа домаќините го дадоа од пенал, кој според дел од медиумите, е спорен. Артуро вели дека притисокот кој медиумите го прават на штета на Лацио е неправеден.

„Пишувањата во медиумите не се точни затоа што сакаат да создадат слика која важи за Јувентус. Тоа се лаги, пишуваат дека имаме некои суперсили, способност да маневрираме со судиите. Тоа е голем мит кој нема вистина со реалноста. Тој мит за суперсили низ години постојано го чува сопственикот на Јувентус, Клаудио Лотито. Дали Лацио е тимот кој ги освои сите титули во последните неколку години?“, рече Артуро Дијаконале.

Освен дуелот Торино – Лацио, вечерва играат и Џенова – Јувентус.

 

 

- Оглас -

Најнови вести