Лацио „царува“ во Рим

Лацио е „газда“ во Рим. Тоа е заклучокот по дербито кое вечерва се одигра на „Олимпико“, во кое Лацио со 3:0 ја победи Рома. Еден гол во првото и два во второто полувреме беа доволни за убедлив триумф на „небесносините“. Каиседо по само 12 минути игра го најави триумфот на домаќините, а потврда за тоа стигна со голот на Имобиле од пенал во 72 минута и на Каталди во 89 минута.

Во 94 минута, Рома остана и со играч помалку, откако нервозниот Коларов набрзина доби два жолти картони и беше исклучен од игра.

Со овие три бода, Лацио сега се доближи на три бода од Рома, која е петопласирана. Лацио има и еден меч помалку, што значи дека доколку и тогаш се радува, ќе се израмни на табелата со „ромската волчица“, а ќе дојде и на само три бода од Интер, кој е на четвртото место во Серија А, последно кое води во Лигата на шампиони за следната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести