Лацио во последен миг се спаси од пораз дома против Јувентус (Видео)

Јувентус имаше предност до 96-тата минута на „Олимпико“ против Лацио, но не успеа да стигне до триумф. Матијас Весино успеа да постигне погодок за домашниот тим и да израмни на 1-1, со што ги задржа шансите на римскиот тим за пласман во Лигата на шампионите.

Јувентус водеше со голот на Рандал Коло Муани во 51-та минута, но играше со фудбалер помалку поради исклучувањето на Пјер Калулу во 60-тата минута од мечот.

На крајот Лацио успеа да стигне до реми, но сега го очекува гостување кај Интер во Милано.

- Оглас -

Најнови вести