5.8 C
Skopje
вторник, 10 февруари 2026

Лаутаро донесе радост за Интер, Фиорентина со „покер“ за повратникот Џенова

Интер без многу проблеми ги освои првите три бода во новата сезона во Серија А, откако со 2:0 славеше на „Сан Сиро“ против Монца. Лаутаро Мартинез е херојот на домаќините, постигнувајќи ги двата погодоци.

Само осум минути беа потребни за Лаутаро да погоди за 1:0, а сите дилеми беа решени кога Аргентинецот повторно беше прецизен, овојпат во 76 минута.

Во вториот вечерен дуел, Фиорентина многу лесно со 4:1 победи на гости кај Џенова. Уште по првото полувреме беше јасно дека гостите ќе се радуваат на победа, бидејќи по 45 минути имаа предност од 3:0.

- Оглас -

Најнови вести