Дресот со бројот 9 во Реал Мадрид е слободен, и се зборува дека клубот летово сигурно ќе купи еден добар напаѓач, кој би ја добил деветката.
Познато е дека Кралскиот клуб го посакува Килијан Мбапе, но размислуваат и за други опции, меѓу кои веќе не е Хари Кејн кој беше фаворит на тренерот Карло Анчелоти.
Каталонски „Спорт“ објави дека Реал се распрашувал кај Интер за цената на Лаутаро Мартинес, и наводно следната недела треба да има состанок на оваа тема.
Реал тешко дека ќе си дозволи во шпицот на нападот да остане само со Хоселу, од клубот најавија дека ќе купат 9-ка само доколку им се појави шанса да ангажираат добар напаѓач по поволна цена.
Лаутаро е 25-годишен, има договор со Интер до 2026 година, и се шпекулира дека Интер не би го ослободил за полмалку од 80 милиони евра.