Лаутаро е златната резерва на светските шампиони, Аргентина е прв четвртфиналист на Копа Америка

Аргентина го победи Чиле со 1-0, и обезбеди место во четвртфиналето на Копа Америка. Победата на Гауосите им ја донесе Лаутаро Мартинез, во 88-ма минута кога одлично се снајде во мешаницата после еден корнер изведен од Лионел Меси.

Лаутаро има дадено пет гола на последните пет меча за националниот тим, откако претходно имаше низа од 16 средби едноподруго без да ја затресе противничката мрежа. На оваа Копа Америка, тој даде гол на двата меча, иако и на двата беше резерва.

Инаку, Аргентина откако стана светски првак, има одиграно 16 меча, и 15 им се победи, со еден пораз од Уругвај, и примени голови на само три од тие 16 дуели.

- Оглас -

Најнови вести