Фудбалерите на Интер славеа на гостувањето кај Кремонезе со 1:2 во 20-то коло во Серија А и ќе преноќат на второто место на табелата.
Нераѕурите со новите три бода, дојдоа во вкупно 40 и се втори на табелата зад Наполи кој има десет бода повеќе, а зад нив е Милан кој пак има два бода помалку и утре го игра својот меч од 20-то коло против Сасуоло.
Inter milan vs cremonese 1-1#Lautaro Martinez Goal#CremoneseInter#InterMilan #Lautaro pic.twitter.com/WD43IOvYAi
— Sports Time (@SportTimeLive24) January 28, 2023
Победата на Интер му ја донесе Лаутаро Мартинез кој ги постигна двата гола, првиот во 21-та минута, а вториот, вреден три бода го даде во 65-та минута.
https://twitter.com/i/status/1619401465554161666
Со двата гола, Аргентинецот стана трет странски фудбалер во историјата на Интер по Стефано Ниерс и Мауро Икарди, кој постигнал најмалку 10 гола во четири различни сезони во Сино-црниот дрес. Голот за Кремонезе го даде Окереке во 11-та минута.
https://twitter.com/i/status/1619388379002732547