Лаутаро ја заборави Барса, одлучи да остане во Интер

Во само една година работите се сменија кон подобро за Интер и навивачите на овој клуб во случајот со Лаутаро Мартинес. Аргентинскиот напаѓач одлучи да остане на „Џузепе Меаца“ и најави продолжување на соработката, што значи дека сонот да го облече дресот на Барселона го заборави.

Интер конечно личи на конкурентен тим и не само тоа, туку екипата на Антонио Конте е фаворит за Скудетото со оглед на тоа дека е лидер во Серија А со 53 бода по 23 одиграни натпревари. Лаутаро искрено говореше околу преселбата на „Камп ноу“, но сега е на прагот да потпише нов договор.

„Вистина беше дека моите претставници преговараа со Барселона, му го кажав тоа и на Конте. Но, исто така му кажав дека целосно сум фокусиран на клубот без разлика што ќе се случи. Сето тоа сега е минато, а јас се предомислив и ќе потпишам нов договор со Интер, само што не знам кога ќе биде официјално. Сакам уште долго време да играм за овој клуб“, истакна Лаутаро за „Газета дело спорт“.

Статистиката на аргентинскиот репрезентативец е одлична и оваа сезона. Во вкупно 33 настапи бележи 15 погодоци, од кои 13 се во италијанскиот шампионат, а има и седум асистенции на својата сметка. Она што е поважно е дека Лаутаро одлично функционира во нападот со Ромелу Лукаку и ова дуо ќе бид естрав и трепет уште долги низ години на Чизмата.

- Оглас -

Најнови вести