Лаутаро Мартинез донесе триумф за Интер на „Олимпико“ (Видео)

Интер стигна до петтата победа во Серија А оваа сезона откако на „Олимпико“ ја совлада Рома со 0-1. Шампионот одигра одличен меч, а херој на тимот беше капитенот Лаутаро Мартинез.

Аргентинскиот ас во 60-тата минута го постигна победничкиот погодок за Нераѕурите.

Рома имаше корнер, а по одбиената топка следеше голема грешка на средината од теренот, по што Интер тргна во противнапад. На крајот топката падна на ногата на Лаутаро Мартинез кој со силен удар ја затресе мрежата на домаќинот.

- Оглас -

Најнови вести