Лаутаро не се откажува – Бара спас од Мендеш за да си замине од Интер

Лаутаро Мартинес не се откажува од планот да игра за Барселона и според шпанска „Марка“ побарал од својот менаџер Жорге Мендеш да се обиде да се договори со Интер, за летен трансфер.

Лаутаро беше на прагот на заминување од Милано и ова лето, често беше во фокусот неговата нескриена желба да игра со Лионел Меси во Барселона, но поради големата финансиска криза на Каталонците трансферот не се оствари.

Мартинес и Меси се ударен тандем на аргентинската репрезентација, па помладиот од тандемот офанзивци сака да бидат и клупски соиграчи.

Имаше најави и за трансфер во обратен правец, Меси да го засили Интер, но и тоа не се оствари, па сега лаутаро бара трета среќа за да биде тандем со својот фудбалски идол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести