Уште еден фаворит е елиминиран во осминафиналето на Купот на Италија. Интер вечерва пропушти голема шанса да се пласира во следната фаза со оглед на тоа дека Лаутаро Мартинес промаши пенал во 65-тата минута, па натпреварот заврши без голови, 0-0, по регуларните 90.
Во 92-рата минута Карлос Августо постигна погодок за водство на Интер од 1-0, но фудбалерите на Болоња до крајот на продолженијата успеаја да направат комплетен пресврт и со головите на Букема во 112-тата и Ндоје во 116-тата минута да дојдат до победата и да го елиминираат лидерот од Серија А.
Болоња во четвртфиналето ќе игра против Фиорентина.