-4.2 C
Skopje
понеделник, 29 декември 2025

Лаутаро со гол ја круниса доминацијата на Интер во првиот дел на Дерби дела Мадонина (Видео)

Интер има водство од 1:0 против Милан по првото полувреме од популарното „Дерби дела Мадонина“ кое се игра во рамки на 21-то коло од Серија А.

Нераѕурите беа подобар тим во првиот дел, доминираа на „Џузепе Меаца“ до постигнување на голот, и не им дозволија на играчите на Милан да упатат ниту еден шут кон голот на Онана.

Интер изведе пет корнери во првите 45 минути, имаше девет шута, додека Росонерите не изведоа ниту еден, и останаа на нула и кај шутевите.

Доминацијата на Интер, ја искористи Лаутаро Мартинез кој во 34-та минута по корнерот на Хакан Чалханоглу, ја затресе мрежата на Татарушану.

- Оглас -

Најнови вести