Грчкиот репрезентативец Костас Манолас побегна од официјалното претставување како нов фудбалер на Ал-Шарјах кое требаше да биде спектакуларно.
Од клубот кој е прволигаш во Обединетите Арапски Емирати донесоа лав на теренот, а беше многу блиску до Манолас при промоцијата, па во еден момент го исплаши Гркот, кој побегна од страв.
Целата ситуација ја следеше Миралем Пјаниќ, кој исто така е член на Ал-Шарјах и босанскиот репрезентативец потоа објави видео на социјалните мрежи кое е хит.