Лавеци итно префрлен во болница откако бил избоден со нож!

Некогашниот фудбалер на Наполи и Пари Сен Жермен, Езекиел Лавеци, заврши во болница во Уругвај откако бил избоден со нож. Овој немил настан се случил по една семејна расправија која се случила поради пари.

Езекиел се здобил со повреди во стомакот и во пределот на ребрата. Поради сериозноста на повредите, тој итно бил пренесен во болница. За среќа, според информациите од Уругвај, повредите не се животозагрижувачки.

Лавеци, кој има 38 години, во кариерата играше за Естудијантес, Сан Лоренцо, Наполи, ПСЖ, а кариерата ја заврши во Хабеи Фортуна во Кина во 2019 година. Во дресот на аргентинската репрезентација одигра 51 натпревар и постигна девет гола.

- Оглас -

Најнови вести