Лавиците ги надиграа Баварките се одмаздија во име на Лион (видео)

Женскиот тим на Олимпик Лион триумфираше со 2-1 против Баерн Минхен и се одмазди во име на Лавовите кои пред неколку дена беа елиминирани од Баварците во полуфиналето во Лигата на шампионите.

Фантастичниот слободен удар на Амел Мажри во 59-тата минута им донесе двојно водство на Лавиците, претходно Парис ја затресе мрежата на Баерн, а конечните 2-1 ги постави Симон во 64-тата минута.

Лавиците за пласман во финалето ќе играат против ПСЖ, во случај да триумфираат и во тој ме,ч ќе го чекаат подобриот од дуелот Волфсбург – Барселона во којшто ќе ја бранат европската титула.

ПСЖ претходно со идентични 2-1 славеше против Арсенал.

- Оглас -

Најнови вести