36.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Лавиците насочени кон полуфиналето на женското ЕП

6787 Англија жени – Шпанија жени (21 часот)

Нокаут-фазата на женското ЕП стартува со дуел меѓу домаќинките и Црвената фурија. Анлиската селекција планира да ја оправда фаворитската улога и притоа да ја одржи низата без примен гол на шампионатот.

Во вкупно 10 меѓусебни дуели, Англичанките само двапати паметат пораз од Шпанија, наспроти петте победи на Лавиците, кои целат да бидат први полуфиналистки.

Предлог тип: 1X & 3+ (2.80)

 

6732 Макаби Хаифа – Олимпијакос (19 часот)

Цели две децении изминаа од последниот двомеч на овие две екипи. Во квалификациите во 2002 година Макаби излезе како победник со убедливи 3-0 на домашен терен и реми од 3-3 на гости.

Оттогаш се сменија многу генерации, грчкиот првак сега е фаворит во овој двомеч и би требало да обезбеди поволен резултат со кој ќе влезе посигурно во реваншот.

Предлог тип: 2 Кога било (1.96)

 

6733 Ференцварош – Слован Братислава (20 часот)

Слован Братислава не е во најдобра форма и бележи два порази во последните пет меча, од кои еден го претрпи пред четири дена во словачкиот шампионат. Таа несигурна форма на противникот треба да ја искористи Ференцварош и да го оправда фаворитскиот статус во овој двомеч.

Во рамки од европските квалификации овие две екипи се сретнаа во далечната 1992 година. Тогаш Слован излезе како победник од двомечот со 4-1 дома и реми без голови во реваншот, додека во 2016 година во пријателски меч Ференцварош славеше со 2-1.

Пожелно е да се тресат мрежите на двете страни.

Предлог тип: ГГ (2.11)

 

6734 Динамо Киев – Фенербахче (20 часот)

Ова е најзвучниот двомеч според имињата на екипите и речиси нема фаворит за дуелот во кој Динамо ќе биде домаќин на неутралниот терен „Миејски“ во Лоѓ.

Двапати се сретнаа во квалификациите во првата деценија од новиот милениум, двапати тимот од Киев излегуваше како победник во двомечите, а се памети и пријателско реми од 1-1 пред една година.

Фенербахче имаше речиси беспрекорни подготовки со пет победи и едно реми, Динамо претрпи два порази во последните пет меча и тој пад на формата може многу да го чини украинскиот гигант.

Предлог тип: 1+I & 3+ (2.17)

 

6735 Марибор – Шериф Тираспољ (20:15 часот)

Тимот на Бобан Николов по ланскиот сензационален настап во групната фаза, во која славеше незамислива победа над Реал среде Мадрид, повторно сака да се најде во елитното друштво. Шериф за нијанса ја доби фаворитската улога со која ќе се брка позитивен резултат за во реваншот да влезе со посигурен пристап.

Првпат овие две екипи ќе ги одмерат силите. Шериф е во подобра форма иако не одигра подготвителни натпревари пред обврските во квалификациската рунда. Марибор ќе се обиде да ги лечи раните од тешкиот пораз од 0-3 против Радомље претрпен во првото коло во словенечкото првенство.

Предлог тип: X2 & 1-3 (2.17)

- Оглас -

Најнови вести