Ракометарките на Ѓорче Петров имаа сили за само 45 минути да му даваат отпор на шпански Елче во првиот четвртфинален дуел од Европскиот куп за жени.
Реваншот е за една недела во Скопје, но денешниот пораз од 21-36, јасно укажува дека шпанскиот тим ќе оди во полуфинале.
Во средината на второто полувреме, македонскиот тим имаше пристојна негатива од 18-21, но тогаш дојде до голем пад во играта на Лавиците, Шпанките одговорија со неверојатна серија од 13-1 и се одлепија на плус 15 голови разлика на две и пол минути до крајот.
Јанкуловска со 5 голови беше најефикасна кај ѓорчепетровки, Николовска даде 4, а Коларовска и Ризоска по три.