Лавовите го изедоа Работнички во Ѓорче

Македонија Ѓорче Петров славеше со сигурни 2-0 против Работнички во мечот од 15-тото коло во ПМФЛ. Лавовите среде Ѓорче го покажаа својот квалитет против градскиот ривал и му го нанесоа јубилејниот 10-ти пораз за оваа сезона.

Јашаровски стрелаше во 15-тата минута од првиот дел за прва предност на тимот од Ѓорче Петров, а трите бода ги осигура Божиновски на дваесетина минути до крајот од средбата.

По овој меч, Лавовите се најдоа на четвртото место на табелата со 21 бод, прекинувајќи серија од шест меча без триумф, додека Работнички е зациментирани на дното на табелата со само 11 бода.

- Оглас -

Најнови вести