Македонија Ѓорче Петров и ЦСКА Софија засега играат мирен натпревар на стадионот „Петар Милошевски“ во тренинг-центарот на ФФМ, без голови и посериозни закани кон голманите.
Лавовите се малку поконкретни од бугарскиот противник и почесто се закануваат, меѓутоа по првиот дел домаќините се без конкретна прилика за славење. ЦСКА за нијанса повеќе има контрола врз топката, но е далеку од голот на Стевковски.
Црна дамка за екипата од Ѓорче Петров ќе биде исклучувањето на Ламос Матеус пред самиот финиш на првото полувреме. Матеус заработи два жолти картони и исклучување само за пет минути и ги остави соиграчите на цедило.