5.8 C
Skopje
понеделник, 16 февруари 2026

Лавовите мора да победат, Арсими е домаќин на тимот кој е поопасен на гости отколку дома

Дуелите Македонија Ѓорче Петров – Шкупи од 13, и Арсими – Брера Струмица од 14 часот ја сочинуваат денешната програма во Првата македонска фудбалска лига.

На скопската пресметка, Лавовите немаат право на грешка против младиот состав од Чаир и мора да освојат три бода, кои добро ќе им дојдат во битката за опстанок. Шкупи ги загуби сите осум гостувања досега.

Во Гостивар, Арсими можеби е фаворит, но Брера е тим кој сезонава повеќе бодови има освоено на гостински терен отколку на домашен. Струмичани славеа на три од последните четири гостувања, па задачата на Арсими да победи нема да биде лесна.

- Оглас -

Најнови вести