Македонија Ѓорче Петров и е домаќин на прилепска Победа во премиерниот меч од третото коло во Првата македонска лига и Лавовите се големи фаворити за триумф.
И двете екипи очекуваат прва победа, а гостите од Прилеп и сефте гол, откако по две кола во кам-бекот во Првата лига не ја тресеа мрежата на ривалите.
Прилепчани не се ефикасни и во меѓусебните дуели со денешниот ривал и на последните пет меча на кои имаат четири порази и едно реми само еднаш ја тресеа мрежата на Македонија.
Мечот ќе се игра од 17 часот во Ѓорче Петров, а утре во истиот термин ќе се играат уште четири натпревари.
Во третото коло слободен е актуелниот шампион Шкупи, откако Ренова се повлече, па Лигата остана со непарен број на екипи, 11.
Денеска по еднонеделно одложување почнува и Втората лига на Македонија со натпревари што ќе се играат од 17 часот.