Лавовите се прошетаа низ Кратово

Македонија Ѓорче Петров со убедливи 3-0 славеше на гостувањето кај Силекс, и се искачи на третото место на табелата во првата македонска фудбалска лига. Популарните Лавови од западниот дел на Скопје, сите три гола ги дадоа во второто полувреме, а стрелци беа Фернандињо, Филиповски и Калид.

Ова беше последен меч од 11-тото коло. Македонија ЃП има 22 бода, три помалку од лидерот Шкендија, додека кратовци кои го претрпеа вториот пораз по ред, сега се шести со 14 бода.

- Оглас -

Најнови вести