20.8 C
Skopje
понеделник, 25 август 2025

„Лавовите“ шокирани во Прилеп, Брегалница декласирана од Саса, најмногу искористи Башкими

Лидерот на второлигашката табела, Македонија ЃП, доживеа неочекуван пораз на гостински терен од прилепска Победа со 2-1. „Лавовите“ имаа водство од 0-1, но во вториот дел следуваше комплетен пресврт и значајна победа за прилепчани во борбата за опстанок.

Вистински дебакл доживеа штипска Брегалница, која загуби со 4-0 од Каменица Саса во меч кој се одигра на неутрален терен во Турново. Најголем добитник после 18-тото коло е Башкими од Куманово, екипа која на домашен терен славеше во дербито против Арсими со 2-1 и се искачи на втората позиција на табела.

Македедонија ЃП останува лидер со 41 бод, два повеќе од Башкими и четири плус од Брегалница, во борбата за директен влез во Првата лига, но и за баражот.

Резултати – 18-то коло:

Вардар Н. – Скопје 2-0
Осогово – Кожуф 0-0
Вардарски – Детонит П. 1-4
К. Саса – Брегалница 4-0
Новаци – Борец 1-1
Победа – Македонија ЃП 2-1
Башкими – Арсими 2-1
Охрид – Беласица 2-1

- Оглас -

Најнови вести