Лавовски го пречекаа во родниот град и во матичниот клуб – Бензема ја донесе Златната топка и го крена Лион на нозе (Видео)

Најдобриот фудбалер на светот, Карим Бензема беше дочекан на спектакуларен начин во родниот град и во својот матичен клуб Лион, а ја донесе и Златната топка што ја доби неодамна.

Бензема беше дочекан со овации на полувремето од дуелот меѓу Лион и Ница, а не го заборави клубот што го вивна во светски височини и чиј член беше од 1997 година како десетгодишно момче, се до 2009 година кога замина во Реал Мадрид.

Симпатизерите на Лион го поздравија на спектакуларен начин, а заедно се радуваа на четири домашни титули, еден пехар во Купот на Франција и два во Суперкупот на земјата што е актуелен светски првак.

https://twitter.com/MadridSports_/status/1591175301362581510?s=20&t=gXkkgskQ5J9niJMTY3staQ

Бензема по долга пауза се најде на списокот на селекторот Дидие Дешан и ќе игра за Франција на Мундијалот во Катар, каде Триколорите ќе ја бранат светската круна.

 

- Оглас -

Најнови вести