Еден од пионерите на македонската кошарка, легендата Лазар Лечиќ, во интервју за „Косово онлајн“ мисли дека вечерва на мајсторката Реал Мадрид – Партизан од четвртфиналето на Евролигата сите од „Вардар до Триглав“ треба да навиваат за белградските Црно-бели да се најдат на фајналфорот.
„Никогаш не бев партизановец, откако мојот пријател Обрадовиќ го презеде клубот, навивам за нив. Сите што ја сакаат кошарката на просторите на екс-Југославија треба да навиваат за Партизан вечерва. Ќе биде тешко, но важно е што се враќа Пантер, кој може да ја отвори зоната на Реал. Ако можеа двапати да победат во Мадрид, зошто да не и по трети пат?“, вели 84-годишниот Лечиќ.